Ова слатко кутренце можеби се родило без долна половина, но тоа не го спречвуа да ги освои срцата од целиот свет. Булдогот Бонсаи од Форт Ворт, Тексас, има обожаватели од ширум светот благодарение на неговиот нескршлив дух и љубовта кон животот. Шестмесечното кутре се родило со бројни ретки деформитети како последица на што има само половна `рбет, нема карлица и има закржлавени задни нозе.
Набргу потоа морале да му ги ампутираат задните нозе, но тоа ни најмалку не го успорува. Тој стада од бројни нарушувања, вклучувајќи и човечко нарушување како сакрална агенеза и сакрокаудална дисгенеза. На Бонсаи ќе му бидат потребни детални испитувања на неговите внатрешни органи за да може да се третираат неговите нарушувања, што ќе чини многу. Потоа следува да му се набават специјални тркала за неговите задни нозе, за да може полесно да се движи.
Но и покрај сѐ, Бонсаи е полн со ведрина и живост, со што ги освојува срцата на луѓето од целиот свет.