По илјада години од сега, луѓето ќе бидат различни суштества од денес. Климатските промени, вештачката интелегенција и генетските мутации ќе ги трансформираат нашите тела на драстичен начин, се претпоставува во видеото кое следува. На пример, би можеле да добиеме црвена боја на очите и да имаме потемна кожа како еволутивен одговор на глобалното затоплување.

oci

Видеото, изработено од „AsapScience“ од Канада, опишува хипотетичко сценарио во кое нашите тела ќе бидат дел човечки, дел машини.

„Во иднина наноботите – или минијатурните роботи – ќе бидат интегрирани во нашите тела, зголемувајќи ги нашите способности. Веќе нема да бидеме ограничени од нашата физиологија, туку навистина ќе станеме мешавина од биологија и машини“.

Во меѓувреме, генетскиот инженеринг ќе предизвика идните генерации да израснат во интелегентни, привлечни и силни луѓе.

„Но, и покрај тоа што ќе бидеме поумни, посилни и поубави, таквата генетска сличност, т.е. отсуството на човечка разновидност остава можност некоја нова болест да ја збрише целата човечка раса.“

evolucija

Како што се засилува глобалното затоплување, луѓето ќе станат повитки и повисоки, бидејќи телото на тој начин ќе се справува со вишокот топлина. Според д-р Алан Квон, нашите лица исто така ќе се изменат на драматичен начин. Кога луѓето ќе го усовршат генетскиот инженеринг, изгледот на човечкото лице во голема мера ќе зависи од вкусот на луѓето. Со огромниот технолошки напредок, покрај освојувањето на далечните простори во вселената, човекот ќе изнаоѓа и нови начини да го зголеми својот животен век. Изгледајте го следното видео за повеќе детали.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено