Врв на машката верност: Три пати се женел, а љубовницата една иста.
– – – – – – –
Ако имате можност да изберете дали да имате добра жена, или добар автомобил, што ќе изберете? Дизел или бензин?
– – – – – – –
Жената го прашува мажот:
– Душо, за ручек мусака ли да направам или телешко со печурки?
– Ти прво направи го, па потоа ќе му дадеме име!
– – – – – – –
Mаж се бричи во бањата. Наеднаш слуша како жена му почнува да вреска:
– Што е мa?
– Maмa пaднa oд терасата!
– Koлĸу пати сум ти рекол да не засмејуваш додека се бричам! Дa ce исечам ли сакаш!
– – – – – – –
Соништата понекогаш не се остваруваат! Еве, малиот Роман Абрамович на пример, сакал да стане учител во основно, како мајка си…
– – – – – – –
Зошто не може да има фудбалски натпревар меѓу Колумбија и Јамајка? Едните ќе испушат тревата, а другите ќе ги исшмркат линиите…
– – – – – – –
Терористите сакале да умрат како маченици. Нека дојдат во Македонска болница тогаш.
– – – – – – –
– Која е разликата помеѓу банкарските услуги и грабежите?
– Банката издава документи.
– – – – – – –
Криза – тоа е кога имаш 30 и почесто имаш финансиски фантазии отколку сексуални.
– – – – – – –
Пуштена е нова серија кондоми за пензионери – со вкус на леб и јогурт.
– – – – – – –
Ако често и во големи количини користите одреден производ, на крајот почнува да ти се гади од него. Се прашувам тогаш:
– Што не е во ред со пивото?!
– – – – – – –
– Јас не сум како сите девојки.
– Знам, сине, знам…
– – – – – – –
Станувам од креветот 365 дена во годината, по толку години… Тоа се скоро 16.000 стомачни. Како па, една плочка не се покажа бе!
———