Креативната компанија ThinkPARALLAX ја вреднува способноста на вработените да донесуваат иновативни идеи и обиди да се создава и промовира уникатен бренд. Но враќањето во истата задушна канцеларија, ден по ден, може да биде толку…задушувачко. Па така, оваа компанија со персонал од 11 члена реши да промовира свој нов начин на креативно размислување и реши на секој вработен да му додели патен буџет од 1500 долари за да оди на одмор каде и да било во светот. Еве некои фотографии снимени од патувањата на среќните вработени.
Крајната цел на оваа инвестиција на ThinkPARALLAX е да го инспирира својот персонал преку лични животни искуства да излезе од комфортната зона на стагнирање. Затоа за да можат да тргнат на пат, вработените првин треба да исполнат неколку разумни услови.
Прво, времето на патување треба да биде некаде помеѓу септември и октомври (ко-основачот Џонатан Ханвит ја истакнува важноста на определените рокови како важен мотивирачки фактор во животот); Второ, мора да биде на место на кое лицето никогаш порано не било, и трето, мораат да го документираат патувањето на сајтот на компанијата.
Досега членовите на тимот патувале во Нов Зеланд, Мачу Пикчу и различни делови од Германија. За повеќе, посетете го сајтот на компанијата.