Принц од Саудиска Арабија е обвинет дека имал сексуална врска со машки помошник, дека земал кокаин и се заканувал на жената која го одбивала неговото додворување, а исто така и дека сексуално нападнал помошничка.

Принцот Маџид бин Абдула бин Абдулазиз Ал Сад, син на покојниот крал Абдула, сега се соочува со невообичаена серија на обвинувања во тужбата поднесена од три жени, членови на персоналот на палата во Лос Анџелес.

Во судските документи стои дека е обвинет за пијанство и злоупотреба на наркотици во неговата палата во Беверли Хилс вредна 37 милиони долари, како и за постојана сексуална нападност. Покрај тоа, принцот се обидел и да мокри врз трите прислужнички, врескајќи: „Сакам да мочкам“. Исто така, на една од жените ѝ се заканил дека ќе ја убие затоа што не сакала да се „забавува“ со него, а на друга ѝ скокнал одозгора и почнал да се „трие од неа на сексуален начин“.

Кога му било кажанода престане, Ал Сауд наводно извикал: „Јас сум принц и ќе правам што сакам. Ти си никој и ништо!“

Сите три жени тврдат дека виделе како машни помошник „му го мастурбира пенисот“ и биле присилувани да седат во собата и да гледаат додека го прават тоа. Во Саудиска Арабија хомосексуалноста е незаконска, и е казнива со камшикување, па дури и со погубување. Друга од жените кажала дека видела како друг машки помошник се навднал и му прдел во лицето на Ал Сауд – очигледно на негово барање.

Ал Сауд и порано бил обвинуван за слични нешта, но секогаш бил ослободуван „поради недостаток на докази“. Адвокатите на жените тврдат дека тие овојпат се решени да одат до крај.

as01 as02 as03 as04

Сподели на Facebook
пати видено