„Не е дека сум многу умен. Но со прашањата останувам многу подолго.“ – Алберт Ајнштајн
Интелегенцијата е способност да се здобива и применува знаење. Постојат многу различни аспекти на интелегенцијата кои сите заедно го сочинуваат нашиот ум. Личниот развој значи зацврснување и тренирање на многуте различни видови на интелегенција достапни до нас.
Иако постојат многу ограничувања засновани на вродените нивоа на интелегенција, неодамнешни истражувања покажале дека може да се зголеми интелегенцијата. На вашиот мозок му треба вежбање исто како и на мускулите. Ако го употребувате често и на правилен начин, ќе станете повешт размислувач и ќе ја зголемите вашата способност да се сосредоточувате.
Оваа статија ќе ве научи како да ја развиете вашата интелегенција правејќи секојдневни нешта (или преку избегнување на некои секојдневни активности).
Не заборавајте дека интелегенцијата исто така е и секси.
„Треба нешто повеќе од интелегенција за да се однесувате интелегентно“ – Фјодор Достоевски
Еве шест едноставни чекори:
1. Обидете се да сработувате едно по едно
Многу луѓе се под погрешен впечаток дека извршувањето на повеќе задачи одеднаш е добро за мозокот бидејќи со тоа се покажвуа способноста за брзо размислување и се докажува способноста за фокусирање на повеќе нешта наеднаш. Но, според истражување спроведено при универзитетот Стенфорд ваквиот начин на работа е всушност помалку продуктивен од вршењето на една работа по една. Всушност, истражувањето докажало дека повеќезадачноста не само што може да ве успори во извршувањето на задачите, туку може и да го намали вашиот коефициент на интелегенција.
Слично истражување извршено во Лондонскиот универзитет покажало дека кај учесниците кои вршеле повеќе задачи одеднаш се забележувале послаби резултати при тестовите за коефициент на интелегенцијата на сличен начин како што се забележува при пушењето марихуана или ако се останува по цела ноќ буден, т.е. нивната интелегенција се намалила на рамништето на просечно осумгодишно дете.
2. Вклучете определени видови на храна во вашата исхрана
Како што веројатно сте слушнале повеќе пати, исхраната може да помогне во многу аспекти на вашиот живот. Според д-р Џозеф Меркола, постојат определени видови храна кои можат да ја зголемат вашата интелегенија, како што се: растителни масла, органски зеленчук, живи јајца и боровинки.
Спротивно од тоа, јадењето на премногу готвена и процесирана храна, како и внесувањето на премногу шеќер може да ја оштети вашата интелегенција. Некои лесни начини да се избегнува шеќерот во вашата исхрана е да се ифрлат газираните сокови и слатките, но и да внимавате при вашиот избор на овошни сокови.
3. Избегнувајте да го употребувате Гугл премногу
Дали знаете дека просечниот број на пребарувања дневно на Гугл пораснал од 9800 во 1998 до 4.7 трилиони денес? Според „Академска Земја“, колку повеќе се потпираме на Гугл за информации, толку помалку функционира нашиот мозок. Нашиот мозок ја употребува информацијата складирана во долгорочната меморија за да го олесни критичкото размислување. Овие уникатни мемории ни се потребни за да разбираме и да комуницираме со светот околу нас. Доколку се потпираме на Гугл како за складирање и повикување на нашето знаење, можеме да изгубиме значаен дел од нашиот идентитет.
4. Социјализирајте се повеќе
Со оглед на тоа дека ние луѓето сме социјални суштества, во секојдневниот живот ни е потребно да се социјализираме. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои често се дружат постигнуваат подобри резултати на когнитивните тестови од тие кои не го прават тоа. Нашите мозоци се дизајнирани за социјализација и потребна ни е меѓучовечко општење за правилно да размислуваме и функционираме. Истражувањата покажуваат дека децата лишени од општествен контакт имаат поголеми изгледи да развијат психосоцијални нарушувања, а возрасните кои имаат недостаточна социјална поддршка се изложени на ризик од развој на депресија. Интеракцијата со другите помага на одржување на мозочната функција и менталната острина.
5. Спијте повеќе
Има причина зошто на нашето тело му е потребен одмор. На нашето тело му е потребно време да закрепне од заморот на ист начин како што мораме да ја наполниме батеријата на нашиот телефон или лаптоп. Добриот ноќен одмор може да ја поттикне нашата интелегенција. Добриот сонпомага да се изградат нервни клетки поврзани со учењето. Од друга страна, слабиот сон ги оштетува мислечките вештини; ве прави да сте заборавни и влијае врз начинот на кој ги толкувате настаните. Ова може да ве спречи да донесувате брз и точен суд.
6. Прашувајте повеќе – читајте повеќе
Сите сте слушнале за Сократ, зар не? Што е тоа што овој човек се обидел да не научи длабоко да го разбереме? „Јас знам дека сум умен бидејќи знам дека ништо не знам.“ Ние не знаеме што не знаеме. Читањето е начин да се спознае нашето незнаење. Читањето и размислувањето ќе направи да истражувате подлабоко во потрагата по вистината, по светлината. Со читањето книги кои биле напишани векови или илјадници години порано, ние се поврзуваме себеси со минатото на нашата заедничка човечка историја. Човечките проблеми со кои се соочуваме денес не биле создадени во нашево времеи интелегенцијата низ вековите правела напори да се најде решение за нив.