Таткото поминал една романтична вечер со мајката лезбејка и така настанала оваа 21-годишна девојка.

Во последно време сѐ почесто се зборува за правата на хомосексуалците, за нивното право на брак, како и правото да имаат деца. Но, како да се заборава на едно многу важно нешто. За да се зачне едно дете, сепак сѐ уште е потребна една личност од машкиот пол и една личност од женскиот пол, татко и мајка.

Хомосексуалните парови кои сакаат да имаат дете едноставно мораат да прибегнат кон т.н. донатор на сперма или сурогат мајка, за да „имаат дете“. Но, што е со правата на детето кога ќе порасне доволно за да дознае дека децата не се раѓаат од двајца татковци или две мајки? Како ќе се чувствува тоа, не знаејќи ништо за еден од своите вистински родители од коишто настанало и чиишто особини можеби превагнуваат во нејзиното генетско наследство? Еве еден таков пример.

Млада девојка од Австралија постирала онлајн молба во надеж да го најде нејзиниот биолошки татко кој имал врска за една ноќ со нејзината мајка лезбејка пред дваесет и една година. Луси Мајер не го знае името на татко си, знае само дека се запознал со нејзината мајка Миг Мајер во паб во Роузбад, Викторија, помеѓу 27. декември 1993 година и 15. јануари 1994 година. Таа верува дека тој е половина Француз, половина Мавар, бил во неговите средни до доцни дваесетти и кажала дека би ѝ значело сѐкога би можела да го најде и да се запознае со него после сите овие години.

l01

„Не можам ни да си замислам, не можам дури ни да почнам да си замислувам какво влијание би имало тоа врз мојот живот“, изјавила Луси за Дејли Мејл Австралија.

Во раните деведесетти, после серија бурни врски со припаднички од истиот пол, Миг, мајката на Луси, дошла до заклучок дека нешто ѝ недостасува во нејзиниот живот.

 

l02

„Само си помислив, епа што знам, правев разни нешта, ете, но отсекогаш размислував за тоа да родам дете“, изјавила Миг за Дејли Мејл Австралија. Откако работела во Тасманија и раскинала со својата долгогодишна партнерка, сега 55-годишната Миг се вратила во Рај, Викторија, чувствувајќи се изгубено.

„Решив да излезам, и некако дојдов во Роусбури хотелот“, раскажува таа за ноќта кога забременила со Луси. „Се бев напила неколку пијачки и…Имаше еден дечко таму, изгледаше добро и беше интересен човек.“

Почнале да разговараат за нивните заеднички интереси за пејзажот и архитектурата.

„Оттука тој дојде кај мене на пијалок и кафе. Разговаравме и јас го прашов дали ќе стори добро дело за да видам дали би можела да родам. Беше многу срамежлив и мислам дека беше неколку години помлад од мене. Отпрвин рече не, но продолживме да разговаравме и најпосле тој се согласи. Изгледаше како жена, беше многу убав и навистина добро изгледаше, така што за мене беше многу лесно да бидам со него, бидејќи изгледаше како жена“, раскажува Миг за средбата.

Кога следното утро Миг се разбудила, човекот си заминал, без да остави ниту белешка ниту телефон или адреса за контакт. Неколку месеци подоцна дознала дека е бремена, а сѐ уште не слушнала ништо од човекот.

„Си мислев дека некогаш ќе намине да дознае дали обидот успеал, а јас дури ни името не му го помнев“, вели таа.

l03

Луси вели дека не почувствувала дека нешто ѝ недостига додека растела со самохрана мајка, но во тинејџерските години започнала да се прашува за нејзиниот татко. Пред неколку месеци упатила молба на социјалните медиуми и неодамна доби некакви повратни реакции, откако неколкумина ја прашале за името и презимето на нејзината мајка.

l04

Дваесет и едногодишната Луси вели дека сака да дознае повеќе за тоа што го наследила од нејзиниот татко, за некои од нејзините лични карактеристики коишто воопшто ги нема кај нејзината мајка ниту кај нејзиното семејство.

„Едноставно е чудно што се развив во личност толку различна од мајка ми“, вели Луси. Миг вели дека не размислувала долгорочно за предизвиците на животот кога ја зачнала Луси, но дека целосно ја поддржува во потрагата по нејзиниот татко.

  l06 l07

„Го разбирам нејзиното интерес повеќе да дознае за тоа од каде доаѓа. Отсекогаш сум била за тоа. Сакав да ставам и оглас во весник, но не знаев што да напишам. Сакав да го сторам тоа и тоа е најголемото нешто во животот што сакав да го сторам, а не го сторив“, вели таа.

l09

Сподели на Facebook
пати видено