Тејлор Свифт е прогласена за највисоко платена музичарка светот откако оваа година почнала да заработува по еден милион долари дневно. 25-годишната хитмејкерка од јануари досега успеала да заработи неверојатни 317.8 милиони долари, како резултат на нејзините хитови, светската турнеја и серијата исплатливи договори.

ts01

Зашеметувачката ѕвезда го објави нејзиниот петти студио албум во октомври минатата година кој се продаде за неверојатни 1.287 милиони примероци уште во првата недела по објавувањето, заземајќи го првото место на топ листитие на најдобри албуми во целиот свет. Покрај огромниот успех на албумот, Тејлор закажа и промотивна турнеја наречена „Светска турнеја 1989, со закажани 85 настапи во Северна Америка, Азија, Европа и Океанија.

ts02

Само со пет настапи во Америка заработила 16.8 милиони долари од продадените 149.708 билети. Медиумскиот аналитичар Мајк Раја од Лос Анџелес вели: „Во моментот, Тејлор е недопирлива. Досега таа е пред сите други во индустријата до таа мера што стана не само врвен забавувач, туку и важен фактор во комерцијалниот дел од музичкиот бизнис.“

ts03

Покрај нејзината високо исплатлива музичка кариера, Тејлор склучила и серија рекламни договори коишто го зголемиле нејзиното значително богатство, вклучувајќи три парфеми со козметичкиот џин Елизабет Арден, како и промотивни зделки со Диетална Кока и компанијата за обувки Кедс.

ts04

Во 2015 година Тејлор се нашла на осмото место во листата на најботати 100 луѓе во светот на Форбс и на 64-то место на листата на списанието „Моќни жени“. Престижното списание предвидува дека до нејзиниот триесетти роденден таа ќе се најде на листата на милијардери и ќе заврши како една од најбогатите жени во светот.

Сподели на Facebook
пати видено