Сопружниците Дејл и Шенон Хикман, и двајцата на триесет години, се соочуват со казна затвор од по шест години под обвинение за убиство од втор степен на нивниот син Дејвид, кој умрел девет часа по неговото раѓање во домашни услови.
Дејвид се родил два месеци предвреме во домот на неговата баба, при што имал недоразвиени бели дробови и умрел откако имал потешкотии со дишењето и помодрел. Хикманови – членови на контроверзна црква од Орегон која верува во оздравување со вера – поднле жалба за пресудата врз основа на тоа дека обвинителството треба да докаже дека тие знаеле дека нивната вера може да причини смрт на нивното дете, известува Њујорк Дејли Њуз. Но, минатата недела врховниот суд на Орегон ја отфрлил жалбата, при што судијата истакнал дека брачната двојка можела да стори повеќе за да го спасат нивниот син.
За време на судењето, квалификуван доктор изјавил дека Дејвид би имал 99 отсто шанси да преживее доколку родителите повикале брза помош. Официјалната причина за смртта на бебето е стафилококна пневмонија, којашто можела да се третира.
Таткото изјавил дека не повикал брза помош бидејќи се молел. Обвинителите изјавиле дека тие не се ни потрудиле да повикаат брза помош. Шенон Хикман се бранела дека морала да му се покори на сопругот и да го слуша без поговор поради црковните правила.
„Мислам дека сѐ што се случува е по Божја волја“, изјавила таа на судот.
Следбениците на Христовата Црква е контроверзна секта којашто ја отфрла медицинската грижа за децата и се потпира врз молитва и мачкање на болните со масла. Досега се обвинети петмина членови поради негрижа и запоставување на малолетни лица.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!