Со брзина од 300 km/h, овој супер автомобил не останува долго на едно место. Но, кога сопственикот го паркирал на несоодветно место во прометна улица во Лондон, биле потребни само шеесет секунду за да биде одвлечен од пајак-службата. Се разбира, висината на казната со сигурност е последното за што би се грижел сопственикот на овој автомобил, регистриран во Саудиска Арабија.

Во Лондон нагло се зголемува бројот на Ламборџини, Ферари и Бугаи автомобили, како што се зголемува и бројот на богаташи од Катар, Саудиска Арабија, Емиратите и Кувајт, коишто бегаат од немирите на Блискиот Исток. Сивиот Mercedes SLS AMG Roadster го привлекол вниманието на сообраќајците откако бил оставен на место забрането за паркирање во близина на Хародс во Најтсбриџ. Му била залепена казнена белешка, но со оглед на тоа што го попречувал сообраќајот, била повикана влечната служба.

mc01

„Се се случи толку брзо“, вели еден очевидец. „Сообраќаецот беше на местото само неколку минути откако возачот го паркираше автомобилот на улицата. Откако пристигна пајакот, беа потребни само шеесет секунди за да се крене и однесе.“

mc02 mc03 mc04

Сопственикот бил забележан како се расправа со сообраќаецот и очигледно не бил задоволен од тоа што се случило. Автомобилот, кој има V8 мотор и е способен да развие од 0 до 100 km/h за 3.8 секунди, бил одвлечен од пајак-службата Кенсигтон и Челси. Возачот ќе мора да плати 130 фунти казна за сообраќаен прекршок и такса од 200 фунти за да си го добие автомобилот назад. За секој дополнителен ден на престој во пајак-службата се наплаќаат по 40 фунти.

mc05 mc06

Богатите Арапи со своите супер-автомобили во Лондон вообичаено се забележуваат пред и за време на летото. Но и покрај големата моќност, со оглед на густината на сообраќајот во Лондон, тие често остануваат паркирани во близина на Хародс и други луксузни хотели, при што често и непрописно паркирани. Англичаните стравуваат дека богатите Арапи често ќе ги прекршуваат сообраќајните правила, со оглед на тоа што можат да си дозволат да ги платат казните, или поради тоа што се регистрирани во друга земја, понекогаш е тешко да се идентификува сопственикот на автомобилот.

mc07 mc08

Сподели на Facebook
пати видено