Се смета дека човекот како вид постои некои двеста илјади години, но многу малку се знае за животот на луѓето од минатото, бидејќи тогаш ниту постоело писмо, ниту друг вид на информациона технологија. Сѐ што знаеме сме го заклучиле од малубројните археолошки наоди и анализи. За вас подготвивме список од најстарите пронајдени човечки предмети, кои за археолозите претставуваат вистинска скапоценост, бидејќи овозможуваат да ѕирнеме во животот на луѓето од старите цивилизации.
1. Чорапи (2500 години)
Овие волнени чорапи потекнуваат од древниот Египет и се носеле со сандали. Пронајдени се во 19. век, а потекнуваат од периодот 300-400 г. пр.н.е. Интересно е тоа што се со црвена боја. Исплетени се на доста сложен начин. Но, не е познато дали се носеле секојдневно или служеле само за церемонии.
2, Еден од првите рецепти (5000 години)
Пивото е еден од најстарите пијалоци коешто луѓето и ден денес го конзумираат. Така и воопшто не е чудно тоа што еден од најстарите рецепти е токму рецепт за пиво. Потекнува од Сумерите, стара цивилизација во Месопотамија. Тие верувале дека самиот Бог им го дал, а се правело од житарици со задолжително додавање на зачини. Се претпоставува дека било со многу силна арома.
3. Најстарите очила (800 години)
Најстарите најдени очила им служеле за заштита на Инуитите, гогашните жители на Канада, од силната белина на снегот.
4. Првата скулптура на човечко тело (35.000 – 40.000 години)
Венера од Хол Фел е скулптура пронајдена во Германија. Го симболизира женското тело и плодноста. Ѝ недостасува глава, но се смета дека воопшто не ја ни имало. Изрезбана е на едноставен начин, со алатите достапни во тоа време.
5. Најстариот примерок на обувки (5500 години)
Обувката е пронајдена во пештера во Ерменија, кадешто се зачувала благодарение на поволните климатски услови. Направена е од кожа и потсетува на обувките коишто и денес ги носиме. Одговара на денешниот број на обувки 39.
6. Најстариот музички инструмент (35.000 години)
На научниците им било тешко да поверуваат дека оваа флејта, пронајдена во Германија, е навистина стара околу 35.000 години, но тестовите тоа несомнено го покажале. Пронајдена е во пештера, а изработена е од птичји и мамутски коски.
7. Најстарите панталони (3300 години)
Во западна Кина се пронајдени изненадувачки добро сочувани панталони, постари од три илјади години. Тие неодоливо потсетуваат на некои денешни популарни модели.
8. Најстариот тоалет (2200 години)
Луѓето се грижеле за својата хигиена и во претходните векови. Најстариот сочуван јавен тоалет е откриен во Турција, во древниот грчки град Ефес. Под тоалетот течела река.
9. Најстариот градник (500 години)
Постојат показатели дека градниците се носеле и многу порано, но единствениот кој за сега е пронајден е тој кој се носел во 14. век во Австрија.
10. Древна протеза (3000 години)
Во Египет е ископана ножна протеза стара отприлика околу 3000 години. Се претпоставува дека ја употребувала личност којашто останала без прсти.
11. Најстарата торбичка (4500 години)
Не се знае за што точно служела, но торбичката којашто некој ја носел пред повеќе од четири илјади години била украсена со заби од пес. Возможно е да имало и други украси, кои во меѓувреме изгниле.
12. Најстарата композиција (3400 години)
Изгледа дека луѓето со музика се занимаваат уште од самото свое настанување, бидејќи дури се потрудиле и да ја запишат. Најстарата композиција е најдена на табличка во градот Угарит, денешна Сирија. Записот ги претставува имињата на специфичните струни на лирата, за којашто е и напишана композицијата, така што би можело да се каже дека претставувват нешто слично како акордите за современата гитара.
13. Најстарата паричка (2700 години)
Најстарата позната монета е најдена на територијата на денешна Турција, во историскиот регион Лидија. Интересно е тоа што е направена од мешавина на злато и среро. Дури и тогаш тие метали се сметале како скапоцени.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.