„Маж и жена“ е подвижна скулптура од челик висока осум метри, дело на скулпторката од Грузија Тамара Квеситаѕе. Сместени во крајбрежниот град Батуми, Грузија, двете фигури претставуваат муслиманско момче и грузиската принцеза Нино, ликови од познатиот роман од 1937 година, од азербејџанскиот писател Курбан Саид. Трагичната приказна завршува така што љубовниците се разделени со инвазијата на Советите.
Статуите почнуваат да се движат секој ден во седум часот попладне, се спојуваат во кратка прегратка, и потоа се разделуваат. По десет минути, движењето се завршува. Статуата била дизајнирана во 2007 година, но била инсталирана дури во 2010 година, при што била преименувана во „Али и Нино“.