Ужасното видео кое ги прикажува последните мигови на дрогираните пријатели кои загинале како последица на пребрзо возење е објавено како предупредување за другите. Снимката направена од 21-годишниот Мајкл Овен, татко на едно дете, го прикажува возачот, 20-годишниот Кајл Керфорд, како забрзува до 150 километри на час во црвеното Рено Клио на Мајкл, секунди пред да умрат. Дрогираните пријатели се поттикнуваат и бодрат еден со друг, пред да се слушне Мајкл како вели „одиш со 150 на час момче, успори.“
Неговата мајка Кат, која се надева дека ова видео ќе ги спречи другите да ја повторат истата грешка, рекла: „Ги обвинувам и двајцата за одлуките кои ги донеле таа ноќ.“
Зборувајќи после истрагата за смртта на нејзиниот син, таа го кажала следното:
Ги одгледуваме нашите деца учејќи ги да разликуваат добро од лошо. Ги насочуваме и им го даваме нашиот совет и се надеваме дека ќе послушаат, но кога ќе станат возрасни, се надеваме дека ќе ги направат вистинските избори. Навистина не знам зошто момчињата избрале да го направат тоа што го направија, но ги обвинувам и двајцата за одлуките кои ги направиле таа ноќ. Ако сето ова спречи некоја личност да ја направи истата грешка, тогаш од прикажувањето на ова видео ќе произлезе нешто добро. Се надевам дека ќе повлијае на младите и ќе направи да увидат какви ужасни последици може да донесе мигот на мала забава.
Кајл, кој немал возачка дозвола, ја изгубил контолата врз возилото, и се забил во ѕид а црква, при што обајцата ги изгубиле своите животи. Несреќата се случила во раните часови на 12. април, оваа година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!