Внатре е толку страшно што мора да потпишете ополномоштување. Седумнаесеттата Врата во Тастин, Калифорнија се смета за најстрашната проколната куќа во светот од која се леди крвта во жилите. Со своите седумнаесет соби – секоја пострашна од претходната – на посетителите им се дава еден совет: за да избегате надвор, викајте „милост“. Откако ќе потпишете согласност, се спуштате во изопачениот ум на една студентка, Паула, додека нејзиното минато се враќа да ве измачува вас.

mr01

Таа се бори со зависност од наркотици, анорексија и мисли за самоубиство. Гротескните чудовишта се појавуваат во училниците, библиотеката, кафулето и други наизглед сосема вообичаени места. И тие имаат право да ве допираат и лижат.

mr02

Посетителите се заклучени во секоја од просториите во фиктивниот медициснки фактултет во времетраење од минута и пол, кога заѕвонува училишното ѕвонче и тие продолжуваат кон следното, пострашно искуство. Ова е творба на брачната двојка Роби и Хедер Лутер, кои истуриле повеќе од 100.000 долари во овој проект. Дури и хорор ентузијастите велат дека 17-та Врата е едно од најмачните доживувања достапни за јавноста.

mr03 mr04 mr05

Но, триесет и шестгодишниот Роби инсистира дека е многу покротко отколку што му била првичната намера.

„Мојот првичен план беше да направам проколната куќа која ќе биде толку екстремна и јака што против неа ќе протестираат сите тие групи и ќе биде затворена“, изјавил тој за Ел Еј Тајмс. „Некои од моите идеи беа доста претерани.“

mr06 mr07 mr08

Но, како што се чини, веќе и така е премногу за многу посетители. Од нејзиното отворање на 25. септември, речиси четвртина од стотиците нејзини посетители извикале „милост“ пред да ја истераат ужасната 30-минутна авантура до крај.

mr09 mr10 mr11 mr12 mr13 mr14

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено