Денес се очекува крај Земјата да мине астериодот 86666 (2000 FL10), карпа од вселената широка 2.5 километри. Астероид со оваа големина има потенцијал да предизвика глобално разорување ако удри во Земјата, но од НАСА сепак велат дека тој не претставува никаква закана.

Сите астероиди се надгледувани од лабораторијата на НАСА за надгледување на објекти кои минуваат во близина на Земјата. Оваа програма ги следи орбитите на кометите и астероидите и објавува предупредувања доколку постои опасност некоја вселенска карпа да се судри со нашата планета. Обичните луѓе исто така можат да ги следат кометите и астероидите, така што ќе го впишат името на карпата во пребарувачот на базата на податоци на програмата. Овој пребарувач создава интерактивен модул кој може да се зумира и да ги прикажува орбитите во различни денови.

as01

Употребувајќи го  пребарувачот за да се следи 86666, луѓето забележале дека орбитите на Земјата и астероидот почнале значително да се совпаѓаат на почетокот на септември, за да ја достигнат најблиската точка овој викенд и на почетокот на следната недела, а во средината на ноември се гледа како се оддалечуваат една од друга.

Астероидите 86666 првпат бил забележан пред шеснаесет години, на 30 март 2000 година, од страна на опсерваторијата при Универзитетот на Аризона. Во август НАСА мораше да постира блог за да ги демантира безбројните гласини и шпекулации за астероидите кои во септември ќе минат крај Земјата. Овие шпекулации сугерираат дека астероид може да удри во Земјата во близина на Порторико, во периодот помеѓу 15. и 28. септември.

as02

Пол Чодас, директорот на агенцијата за надгледување на објекти во близина на Земјата при НАСА вели дека не постои научна основа да се потврдат овие гласини. Тој додава дека во догледна иднина не се очекуваат никакви удари во Земјата од потенцијално ризични астероиди, т.е. дека во следните сто години за тоа постојат изгледи од 0,01 отсто.

Сподели на Facebook
пати видено