Дали некои мајки имаат телепатска или видовита врска со своите деца? Еден ден во јануари 1974 година за Керлин Хеберт бил сосема обичен ден, во текот накој цело време се расправала со пелени и валкани садови. Но тој ден ќе го помни целиот свот живот.

Тоа се случи вечерта. Бев во кујната, миејќи ги садовите. Мојот сопруг беше во другата просторија и читаше весник. Мојата ќерка моника ја работеше домашната задача, а Сара, нашето мало бебе, си играше со своите играчки. И знаете, умот вообичаено не ви е далеку од вашите деца. Мислите на нив. Таа ноќ јас мислев на Сара, и одеднаш почувствував дека нешто е е во ред. Тоа беше многу силно чувство и во мојот ум видов дека таа се гуши поради нешто, а не знаев што. Си помислувате на `на што ќе се случеше ако`. Што ако не го послушав својот инстинкт и си помислев, па, ќе појдам да ја видам за неколку минути. Но ова не беше такво чувство. Ова беше како `оди таму. Потребна си`.

Се испоставило дека мајчинската интуиција била во право. Малата Сара голтнала балон и почнала да се гуши.

mj01

Наречете го тоа мајчински инстинкт, вонсетилно восприемање или моќ на љубовта, но има повеќе случаи на вонредна мајчинска интуиција која се пренесува од колено до колено. Таа врска како да им пркоси на временските и просторните ограничувања, и иако можеби никогаш нема да се докаже по научен пат, тешко дека може да се одрече постоењето на истата.

Во 1983 година, бизнисот ги одвел ИлејнЕми и нејзината сосетка Шерон Кракер во Палм Спрингс, 177 километри од нивните домови во Лас Анџелес. Тие едноставно седеле кога Илејн била обземена од силно чувство на страв за нејзиниот четиригодишен син.

Тоа беше како да ме погоди бран. Беше многу моќно чувство, и во емоционален и телесен поглед…Веднаш знаев дека нешто не е во ред со Мет. И тоа не беше само некакво претчувство. Понекогаш луѓето добиваат чудно чувство дека нешто не е во ред. Но ова не беше така. Ова беше многу јасно чувство од кое не можев да се ослободам.

Илејн веднаш се јавила дома, но не добила никаков одговор. Убедена дека нешто ужасно се случило, таа се јавила на Том, сопругот на Шерон. Том не слушнал ништо за сопругот на Илејн, ниту пак забележал нешто невообичаено кај нивната куќа која била веднап отспротива. Според Шерон, Илејн почнала да паничи.

Не беше надвор од контрола, но нејзиното однесување оставаше впечаток дека беше многу загрижена и дека знае дека нешто не е во ред. Јас ѝ кажав `Зошто едноставно да не седнеме на ручек`. Таа рече: `Не, нешто не е во ред. Мора да одиме дома`.

mj03

Така и сторивме.

На нивниот пат кон дома, Илејн двапати застанала да се јави дома. Сѐ уште никој не одговарал. Тоа биле најдолгите три часа во нејзиниот живот. Кога таа и Шерон најпосле пристигнале дома, сопругот на Шерон имал лоши вести – Мет бил во болница и го подготвувале за операција за да му ги поврзат пресечените тетиви на неговата рака. Мет се сопнал и минал низ стаклената врата во истиот момент кога чувството на страв ја обзело Илејн.

Јас го почувствував тоа низ што минал Мет. Без никаков сомнеж. Не сум сигурна зошто можев да го почувствувам тоа. Но знам, без никаков сомнеж, што е тоа што го чувствувам и доживувам.

Илејн и нејзиниот син биле оддалечени 177 километри, но чувството било како да ја видела несреќата со сопствените очи. Д-р Томас Верни има теорија зошто врската помеѓу неа и нејзиниот син била толку силна:

Мислам дека таа врска започнува во утробата. Мислам дека дури и во утробата помеѓу некои мајки и нивните деца има посилна врска отколку кај други, и тоа продолжува до крајот на нивниот живот.

Но, и некои маќеи, како Линда Баб, имаат слични искуства. Во март 1987 година, Линда Баб и нејзиниот сопруг Дирк – веќе родители на четири деца – сакале да посвојат дете по втор пат. Линда раскажува дека отприлика во тоа време, таа го сонила најневообичаениот осн:

Видов млада жена. Таа минуваше низ породилни маки, руса жена со бел тен. И јас не знаев која е таа личност, но видов дека во тој момент се пораѓаше. И таа туркаше и тогаш видов како се појавува главата на бебето и на крајот се роди. Имаше многу бујна црна коса на гравата. Се сеќавам тна тоа и дека имаше темен тон. Кога се роди пична да плаче, и јас тогаш се разбудив од сонот. Се почувствував вознемирено од тој многу жив и реалистичен сон. Никогаш не бев сонила толку жив сон. Погледнав во часовникот на масичката и беше 2:59 наутро на 8. март. Шест недели подоцна добив повик од агенцијата за посвојување. Бевме аплицирале за посвојување, и тие ни се јавија и не прашаа дали сме заинтересирани да посвоиме момченце.

mj02

Во агенцијата, агентот за посвојување го донел бебето за Линда да го види:

Тој имаше прекрасна златно-кафеава кожа и бујна црна коса. Многу личеше на бебето во мојот сон. Потоа кога ми кажа дека бебето се родило на 8. март во 2:59 часот наутро, се запрепастив. Останав без зборови. Се свртев кон Дирк и му кажав на Дирк: „Тоа е истиот датум и време кога го сонив тој сон.“

Овие три случаи – и безбројните други како нив – посочуваат кон очигледна телепатска врска помеѓу некои мајки и деца. Иако ова никогаш не е научно докажано, ако понекогаш почувствувате силно чувство дека вашето дете е во опасност, нема да биде лошо да појдете и да видите како е.

majka-bebe

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено