Малото момченце со половина череп, за кое многумина велеа дека требало да биде абортирано, вели „здраво“! Џексон Бјул, кој беше наречен Џексон Силниот, му биле давани само неколку дена живот по раѓањето поради ретко нарушување на невралната туба.
Но тој ги надминал очекувањата и го прославил својот прв роденден во август, при што илјадници луѓе од целиот свет ги опсипале неговите продители Бритни и Брендон од Орландо, САД, со пораки за поддршка.
Сега, со овој видео клип од дваесет и две секунди постиран на Фејсбук страницата на Џексон, неговите родители ја изразуваат својата благодарност кон нивните пријатели и фанови. Снимката започнува со малиот Џексон, кој има микрохидранененкефалија, како лежи на подот, додека неговите родители му велат да каже „здраво Германија“.
Во одговор на барањето на неговиот татко, се слуша како Џексон прошепотува „здраво, Германија“.
Ова видео се појави како одговор на злобните пораки дека г-н и г-ѓа Бјул требале да го абортираат Џексон, велејќи дека тие наводно се однесувале себично, не размислувајќи за болката низ која детето ќе мине. При крајот на септември г-н Бјул им одговори на троловите со зборовите „Да го задржиме нашиот син беше наша и само наша одлука.“
На страницата GoFundMe веќе се собрани повеќе од 120.500 долари како помош за Џексон, а тој веќе го привлекол вниманието на целиот свет, меѓу кои и славни личности како Ештон Качер.