Сопственичка на кучиња стана првиот човек во Европа кој успеал да одгледа кученца од најреткиот вид кучења во светот, при што секое од нив чини по 14.000 евра.
Четириесет и двегодишната Кетрин Лејн не само што е првата сопственичка на Фуквок риџбеци во Европа, туку е и првата Европејка чиишто кучиња среќно окучиле четири кутриња. Љубителката на кучиња од Брајтон, Источен Сасекс, отпатувала во Виетнам да купи две од најретките кучиња во светот, толку ретки што во целиот свет се регистрирани само 800 од нив.
Нејзините миленичиња Мун и Сириус, внесени во Велика Британија од југоисточната азиска земја, сега се горди родители на четири прекрасни црни кутриња. Сопственичката на бизнис со дигитални медиуми, Инсајт Мобајл, сега планира да ги продаде осуммесечните кутриња и досега добила понуди кои се движат од 500 до над 10.000 фунти. Таа вели дека се надева дека кучињата ќе заминат во вистинските семејства, а не кај тој кој најмногу ќе понуди. Таа додава:
„Додека бев во Виетнам на одмор, до уши се вљубив во оваа прекрасна, невообичаена сорта. После месеци барање, најпосле успеав да најдам две совршени кучиња кои ги однесов во Велика Британија. Мун и Сириус сега се единствените фуквошки риџбеци и постојано будат внимание и восхит каде и да одат. За тие кои бараат нешто поразлично од лабрадор или златен ретривер, едно од прекрасните кучецна на Мун со сигурност ќе привлече многу внимание.“
Кучињата го добиле името по виетнамскиот остров Фу Квонг, од кадешто потекнуваат, а што буквално значи „прекрасен остров“. Тие се познати по тоа што имат долги влакна по нивниот `бет, како мохавк фризура. Потекнувајќи од тој остров, кучињата биле изолирани од останатиот свет и се парат единствено помеѓу себе, на тој начин создавајќи ексклузивна генетска варијација, на што и се должи нивната реткост.
Кучињата се познати по тоа што се многу привлечни, високо интелегентни и лесно се тренираат. Кученцата ќе бидат подготвени за нивниот нов дом по две недели и г-ѓа Лејн се надева дека баремедно од нив ќе остане во Англија. Таа вели: „Едно кученце веќе ќе оди во Далас, САД, а други две ќе одат во Милано и Сејшели.“
Во меѓувреме, г-ѓа Лејн поставила поставила камера која 24 часа дневно емитува снимки со кучињата во нивната просторија, покажувајќи ги слатките кученца како си играат заедно и како спијат
Таа додава: „Сакав куче и првин, како и многу други луѓе, размислував да земам лабрадудла. Морам да признаам дека малку се разочарав кога ми кажаа да му ги изберам гените и едноставно си помислив дека кучињата во оваа земја се толку испомешани помеѓу себе, што во некои случаи сето тоа малку наликува на Франкенштајн. Секој може да има лабрадудла, но фуквошките риџбеци се толку ретки, и како и многу други луѓе, дакав да имам нешто поинтересно. Овие кучиња исто така се и многу лесни за чување – не е потребно многу грижа за нивното крзно и се многу здрави и многу пријатно се чувствувате во нивна близина.“
Лејн минала шест месеци барајќи кучиња од уникатната сорта кои се идеални за парење, но сега кога се конечно таму, таа се надева дека ќе имаат уште многу кутренца заедно.
Таа додава:
„Кучињата се просто неверојатни. Секогаш кога ќе се прошетам со нив крај плажата, ме запираат во просек четворица до петмина минувачи, сакајќи да дознаат повеќе за нив и восхитувајќи им се. Поради тоа што во моментот ги нема многу, фуквошките риџбеци не можат да учествуваат во многу меѓународни натпреварувања, бидејќи ги има премалку за да може да се оцени стандардот на нивната раса.“