Кога ќе наидете на уметност создавана во минатото, тоа секогаш не тера на размислување, без разлика дали се работи за нешто од пред неколку, или од пред илјадници години. Уметноста преку најразличните свои форми ни раскажува толку многу за нашите мисли, чувства, историја и за идеологијата која доминирала во временскиот период кога било создавано уметничкото дело.
Во продолжение ќе видите дела од уметникот Жан Марк Коте, како и дела од други уметници создавани во 1988, 1900, 1901 и 1910 година. Овие илустрации се во форма на разгледници или картички кои се чувале во кутии за цигари. Илустрациите прикажуваат како уметниците замислувале дека ќе изгледа светот во 2000 година.
Овие слики биле создадени во време пред воведувањето на високата технологија, индустриската револуција и обидите за летање. Светот бил чист, и човечкото штетно влијание врз околината како и врз своето здравје бил минимален. Само во изминатите 100 години, начинот на кој „напреднавме“ многу ѝ наштети на планетата и на животот на неа. Веќе одамна е време за промени, и сосема сигурно е дека кога денешните уметници би насликале како го замислуваат светот по 100 години, сликите нема да бидат многу убави.
Како вие мислите дека ќе изгледа нашиот свет по сто години?
Еве како тоа го замислувале уметниците во 1889.