Малиот парк Робиндра Шоробд во југозападниот дел на Дака, Бангладеш, е дом на околу десет деца бездомници. Бездомници коишто просат, собираат пластични шишиња и ги продаваат за рециклирање, и што е најинтересно, секој грам храна кој ќе го заработат го делат со десетте кучиња коишто живеат со нив.

За време на фестивалот поминав цела недела со момчињата и кучињата, учејќи за нивните дневни рутини и методи на преживување. Неделата ја заокружив со серија портрети. Во секој од овие портрети, момчињата од Робиндра се поединци. Но, заедно тие стануваат членови на семејство. Семејство од два рода, при што членовите на двата рода (луѓе и кучиња) биле отфрлени во еден од најголемите градови во светот. Овие портрети ја покажуваат силата, отпорноста, прилагодливоста, и најмногу од сѐ, другарството помеѓу овие деца сирачиња и кучињата кои тие ги посвоиле.

На момчињата не им беше кажано да позираат – тие влегоа во кадарот со нивните кучиња и тогаш ќе чкрапнев со фотоапаратот. Тоа за што говорат овие портрети е способноста на овие деца – социоекономски лишени до таа мера – да светнат како пример за другарство помеѓу луѓето и животните. Заработката од продажбата на овие фотографии ќе биде употребена за финансирање на иден проект за момчињата од Робиндра и за поддршка на Обхојароно во 2016 година.

Сем Едмондс

Сумаја со Тигар

dk01

Шакил со Џекс

dk02

Осман со Тигар

dk03

Нојон со Куршум

dk04

Ладин со Михаил

dk05

Раби со Калу

dk06

Ал Амин со Михаил

dk07

Рубел со Ромео

dk08

 

Сподели на Facebook
пати видено