На интернет се појави шокантна видео снимка која прикажува како француски активисти за права на животните на сила одземаат куче од бездомник.

Драмата се случила во Париз, кадешто тројцата активисти му пристапиле на човекот, му го зеле кучето и побегнале со него. И сопственикот и кучето очигледно биле истрауматизирани од настанот: дочето квичи и лае додека го грабаат, додека сопственикот се труди најдобро што може да си го врати своето милениче и пријател – но не успева и липа во очај додека оди по активистите.

Активистите ја претставуваат групата „Cause Animale Nord“. Се слуша како жената, член на групата, му вели на бездомниот човек: „Немаш никакво право…противзаконски е.“ како што тој се обидува да си го врати миленичето, додека минувачите гледаат со шокирани ирази на лицата. Еден од нив извикува „Кучето си е негово“, но никој не му пристапува на помош на расплаканиот човек.

Cause Animale Nord тврдат бездомникот го дрогирал кучето, но не понудиле никакви докази за тоа нивно тврдење. Бездомникот е од ромската заедница, која особено е подложна на дискриминација. Активистите сакаат да му најдат нов дом на кучето, но се под силен притисок тоа да му се врати на сопственикот. Над 220.000 луѓе потпишале петиција, барајќи истрага за постапката на групата активисти.

Сподели на Facebook
пати видено