Контроверзен руски научник си вбризгал инекција со „вечна“ бактерија, стара 3.5 милиони, најдена во сибирскиот мраз – и вели дека сега е посилен и никогаш не се разболува.
Анатоли Бручков, главен научник на геокриолошкиот оддел при московскиот државен универзитет, вели дека не добил грип веќе две години по инекцијата. Бактеријата, наречена Bacillus F, останала жива во вечниот мраз со милиони години.
Научниците ја тестирале на глувци и човечки крвни клетки, но Бручов вели дека тој решил самиот да биде експериментално заморче.
„Почнав да работам подолго и немам добиено грип веќе две години“, вели тој за Сибирско Време.
„После успешните експерименти врз глувци и овошни мушички, си помислив дека ќе биде интересно да се проба на неактивирана бактериска култура.“
Бактеријата ја има во многу мали количества во водените површини во регионот, тврди тој.
„Пермафростот се топи, и веројатно бактеријата така завршува во околината, во водата, па така локалното население, Јакутскиот народ, веќе долго време добива вода збогатена со оваа бактерија и се чини дека живеат подолго од другите народи. Па така за мене немаше никаква опасност.“
Тој признава дека немал претстава што е тоа што му го прави бактеријата.
„Но, сѐ уште не знаеме како точно функционира бактеријата. Всушност, не знаеме ни знаеме ни како точно функционира аспиринот, на пример, но сепак функционира. Истото важи и во овој случај – не го разбираме механизмот, но го гледаме ефектот. Можеби и имало некои странични ефекти, но би била потребна некоја специјална медицинска опрема за да се забележат. Тогаш би можеле јасно да ги согледаме сите ефекти. Кога би можеле да откриеме на кој начин бактеријата останува жива толку долго, можеби ми можеле да најдеме средство да си ги продолжиме нашите животи“, изјавува тој за телевизијата RT.
Бактеријата исто така може да е клуч за враќање на плодноста – на постарите женски глувци им овозможила да се размножуваат откако престанале да бидат способни за тоа, а исто така ги заздравува и растенијата.
Опишувајќи ги откритијата како „научна сензација“ и „еликсир на животот“, епидермиологот д-р Виктор Черњавски вели: „Бактеријата во текот на својот живот испушта биолошки активни супстанции, кои го поттикнуваат и активираат имунитетскиот статус на експерименталнте животни. Ако истата супстанца им се даде на луѓето, може да предизвика значително подобрување на нивното здравје, доведувајќи до откритието на `еликсирот на животот`“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.