Станува сѐ појасно дека електричните автомобили се иднината на сообраќајот. На овогодишниот саем на возила во Франкфурт со свои електрични автомобили се покажаа Ауди и Порше, како и други дизајни од помалите компании како Тесла и Тандер Пауер.

Ова најавува нов и возбдлив период на пазарот за моторни возила. Но, и покрај големиот ентузијазам, се испречува една пречка – растојанието кое можат да го минат овие возила. Таа технологија нема да биде изводлива во следните петнаесет или дваесет години, но кога ќе биде, електричните возила ќе бидат изводливо превозно решение.

k01

Имено, електричните автомобили ни даваат слобода и нула штетни испуштања од издувната цевка, но затоа изворот на енергија за автомобилот – батеријата – е неговата голема слабост. Напојувани со литиум-јонски батерии, слично како и лаптопите, телефоните и камерите – електричните автомобили можат да поминат ограничено растојание пред повторно да мораат да се полнат, во споредба со конвенционалните автомобили. Со оглед на тоа што литиум-јонските батерии се развиваат бавно и е долг процес, а станиците за полнење се ретки и доста оддалечени едни од други, растојанието е критичен проблем кој треба да се надмине – а тоа нема да се случи во догледно време. Но, од Квалком мислат дека имаат решение. Наместо да се зголемува батеријата, во Квалком мислат дека таа треба да се намали.

Дилемата со батериите

k02

Покрај тоа што батеријата на електричните возила им ги дава најдобрите карактеристики, таа исто така е и најголемата слабост. „Тешка е и бавно се полни, со што влијае врз динамиката на возилото. Полнењето е толку често – еднаш, двапати или трипати дневно – што самото тоа претставува прека во развојот на возилото.“ смета Ентони Томсон, потпретседател на одделот за бизнис расвој и маркетинг во Квалком. „Па така, со ставањето поголема батерија во возиото, го правите поскапо, потешко и побавно за полнење, што е на некој начин апсурдно.“

Наместо тоа, Томсон гледа можно решение во почесто, но пократко полнење на често посетувани локации во текот на денот. Ако точките за полнење би биле достапни на места како супермаркети, продавници и на работното место, корисниците би можеле да го наполнат својот автомобил без да скршнат од патот, ниту пак да се грижат за растојанието кое треба да го поминат. Уште повеќе, на автомобилот кој би го возеле нема да му биде потребна голема, гломазна батерија со сите недостатоци кои ги носи.

Автомобилите ќе се полнат во движење

k03

Но, тоа е само првиот чекор. Постои можност во иднина автомобилите да можат да се напојуваат во движење, слично како и трамваите, или дури и како електричните играчки „Scalextric“. Покрај тоа што ова на електричните автомобили ќе им овозможи да минуваат неограничено растојание без да мораат да се запрат за полнење, ова значи дека батеријата ќе биде таму само како резерва, а не извор на енергија со сериозен недостаток каков што е сега.

Како ќе го прават тоа?

k05

За таа цел Квалком го адаптирале својто систем Квалком Хало, технологија за бежично полнење. Веќе применета во автомобилот Formula E BMW i8, Хало технологијата овозможува полнење без жици, со стапка од 7.2kW. Ова е доволно BMW-то да се наполни за помалку од еден час.

Но, технологијата на BMW i8 функционира само кога автомобилот е во статична состојба. Досега, Квалком можноста за полнење во движење ја дели во две категории: полудинамична категорија во области кадешто движењето е побавно, како такси лентите и динамична во која возилата се движат во полна брзина.

„Досега развивме автоматски управувани возила кои од тлото во фабриката добиваат енергија директно во мторот. Повеќето од овие возила се движат со брзина на човечки чекор, па така предизвикот сега е да се зголеми нивната брзина и тоа да не биде премногу скапо…Напорно работиме на тоа“, вели Томсон.

Таа технологија веќе се развива преку проекти спонзорирани од американската влада и од Европската Унија, и се претпоставува дека ќе биде достапна за петнаесет или дваесет години.

Сподели на Facebook
пати видено