Ученик кој бил заведен од бесрамна училишна асистентка која е двапати постара од него, открива дека имале сексуален однос вкупно педесет пати – и на крајот ми рекла дека останала бремена од него.

Момчето, кое тогаш имало петнаесет години, вели дека двата месеци злоставување од триесетгодишната Каролин Беримен од Олдхам, Манчестер, „го исплашиле за цел живот“ – и имале редовен, незаштитен сексуален однос.

ucitelka

Беримен, која предавала во училиштето Абрахам Мос кое брои 1600 ученци, минатата недела избегнала затворска казна и покрај два случаи на сексуална активност со дете. Момчето кое ја критикувало нејзината двогодишна суспензија како „нечуена“, вели дека нивната врска стигнала до таму што нејзината двогодишна ќерка почнала да го вика „тато“.

Првпат почнале да се среќаваат откако таа му го побарала телефонот на Фејсбук, а потоа почнале да се возат и да гледаат телевизија заедно, тврди тинејџерот.

br02

„Постојано се слушавме по телфон и си праќавме пораки еден на друг и тоа полека прераснуваше во врска. Потоа таа почна да ми се јавува за викендите и да ме прашува дали ќе наминам кај неа. Полека почна да станува посериозно, и стигна до таму што нејзината ќерка почна да ме вика тато, а јас и велев, не сум ти татко, јас сум пријател на мајка ти.“

Неговата врска со Беримен, која му предавала математика и англиски, била откриена кога тој му кажал на својот брат, по што дознала мајка му и петнаесетгодишникот се јавил на линијата за помош за деца. Беримен наводно му предложила да побегнат заедно, велејќи дека ако тој го одбие, тоа ќе го „скрши срцето на нејзината ќерка.“

br01

Асистентката била изведена пред суд во Јули, но нејзиниот случај бил одложен бидејќи се разболела. Покрај нејзината суспензија, Беримен се соочува и со 250 часови неплатена јавна работа. Исто така, таа не смее да контактира со момчето, чиешто име не се открива, и кој го напуштил училиштето по инцидентот.

Сподели на Facebook
пати видено