Абигејл Кингстон од Пенсилванија, САД е единаесеттата невеста во своето семејство која ќе го носи фустанот кој во нејзиното семејство 120 години се пренесува од колено на колено.
Првата невеста која го носела овој фустан била Мери Лури Ворен, која се омажила во него во 1895 година. Последната била нејзината мајка, Лесли Кингстон, која се омажила во 1991 година. Но, тоа не минало без проблеми; кога Абигејл го примила, фустанот бил пожолтен и полн со дупки и скинати делови, поради својата старост. По 200 часа внимателна реставрација од страна на експерти, таа можела да го носи само за време на коктелот, бидејќи фустанот толку лесно се оштетува.