Кинетичкиот скулптор Ентони Хау создал голем број на вакви скулптури. Уметникот користи специјализиран софтвер за првин да направи дигитален нацрт за секое дело, а потоа пристапува кон изработка на металните компоненти. Движењето се предизвикува исклучиво со помош на ветер, со тоа што и најблагото ветре предизвикува ротирање на компонентните.