Доколку сте во можност донирајте сума во вредност од едно кафе јавувајќи се на бројот 070 143 107 (за корисниците на Т-мобиле) или 077 143 404 (за корисниците на ВИП). Во најмала рака споделете ја оваа информација со вашите пријатели и на тој начин помогнете му на Кирил и на неговите родители во борбата која што им претстои.
Ви го пренесуваме писмото во целост.
Почитувани,
На нашиот син Кирил, на 10 месечна возраст му беше дијагностициран цистичен тумор на мозок. По отстранувањето на туморотна 02.09.2015 во Универзитетската Клиника Charite во Берлин, Германија, беше констатирано дека се работи за исклучително редок тип на малиген тумор на мозок (примарен недиференциран сарком). За да се спречи понатамошното ширење на овој брзорастечки тумор, потребна е итна хемотерапија. Заради возраста, неопходно е вградување на интратекална пумпа и примање на хемостатиците директно во мозокот.
Вградувањето на интратекалната пумпа и циклусите на примање на хемостатиците ќе се извршат во истата клиника каде што беше опериран Кирил, Универзитетската Клиника Charite во Берлин.
Имајќи предвид дека севкупната терапија чини 150 000 евра, ве молиме за било каква парична помош со што би му пружиле шанса за живот на нашиот син.
Телефонски броеви за донации
За корисниците на Т-мобиле: 070 143 107
За корисниците на ВИП: 077 143 404
Средствата може да ги донирате на следнава сметка:
Комерцијална банка
Број на сметка: 300001000023864
Назив: КИРИЛ ПЕЕВ СКОПЈЕ – ХУМАНИТАРНА СМЕТКА
Даночен број: 2410014450050
Сметка за донации од странство:
BIC:KOBSMK2X
IBAN:MK07300307062856559
Адреса: Ул. Франклин Рузвелт бр.8/1-2 Скопје
Ви благодариме однапред за хуманоста,
Маја и Александар Пееви