Оваа коала ја имала среќата да се извлече со само неколку гребнатини откако била удрена од возило кое се движело со брзина од сто километри на час, при што се заглавила во решетката на автомобилот. Лорен Дејвис возела на југоисточниот пат близу излезот од Бриџвотер, југоисточно од Аделаида, кога коала истрчалапред нејзиниот автомобил во моментот кога свртувала на свиок. Со оглед на тоа што била опкружена со возила, не можела да го избегне животното и сѐ што ѝ преостанувало е да згазне на сопирачките.
Го спуштила прозорецот да види што се случло со животното, но не можела да види ништо на патот. Не излегла од возилото бидејќи немало улично осветлување и не било безбедно. Мислејќи дека животното избегало,таа продолжила да вози десет километри сѐ додека да стигне до нејзиниот дом. Кога го паркирала автомобилот, се шокирала кога ја забележала коалата во предниот браник.
„Вриснав и се стрчав во куќата и мојот свршеник и неговиот син излегоа. Тие видоа дека коалата е жива.“
Потоа ја повикале службата за грижа за животни, а во меѓувреме поставиле ќебиња околу коалата. Неверојатно е тоа што коалата се извлекла без никакви скршеници и е во добро општо здравје.