Морничава видео снимка која ги покажува последните мигови од животот на колебливиот тинејџер – бомбаш самоубиец кој избувнал во плач кога му било наредено да се разнесе себеси при напад на едно сириско село. И покрај неговиот очигледен страв од смртта, на Узбекистанецот Џафар ал Тајар му било наредено да вози оклопно возило наполнето со експлозив во селата под опсада Фуа и Кафрије.
Неколку мига подоцна, Тајар го одвезува возилот и се разнесува, испуштајќи огромен облак во вид на печурка во воздухот, додека џихадистите од неговата група го напаѓаат селото.
Снимката очигледно е направена за да го прослави како маченик откако ќе се разнесе. На почетокот, тој го крева прстот со изразот „Алах е еден“. Но, тинејџерот како што влегува во возилото сфаќа дека го очекува непосредна смрт и се расплакува. Се слуша како друг милитант му вели: Џафер, брате, не плаши се. Кога си исплашен, сети се на Алах.“
Тајар на тоа одговара со зборовите: „Само се плашам дека нема да успеам.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!