Аспен, Колорадо, градот познат по своите скијачки патеки, сега е третиот град во САД кој размислува целосно да премине на обновливи извори на енергија. Како што се известува, искористувањето на обновливи ресурси од 2014 година е зголемено на 84%, а по 2015 се очекува стопроцентно преминување. Во моментот Аспен својата енергија претежно ја добива од хидроцентралите, но склучени се договори со компании за ветерници во Небраска и Јужна Дакота за плановите да се претворат во реалност.

Со оглед на тоа дека планинските области се особено ранливи на глобалното затоплување, градот се решил на овој чекор уште пред десет години. Се чини дека светот полека ја осознава штетата од фосилните горива и опасноста од глобалното затоплување. и сѐ повеќе се буди граѓанската свест за одржување на природната околина.

aspen

Сподели на Facebook
пати видено