Apple ја објави годината за пуштање во промет на својот таен проект за електричен автомобил: 2019-та. За да успее да стигне навреме до амбициозно поставениот краен рок, компанијата реши да тројно да го зголеми својот тим на 1800 луѓе.
Но има мали изгледи дека купувачите ќе можат да возат автомобили со марка на Apple до 2019 година. Датумот веројатно се однесува на краен рок внатре во фирмата, кога инженерите ќе ги постигнат главните особини на планираниот автомобил, кој сега за сега оди под кодното име Титан.
И покрај инересирањето на Ејпл за самоуправувачки автомобили, сепак се чини дека првата генерација на автомобили нема да бидат целосно на тој принцип. Тоа е капацитет кој компанијата планира да го развива дополнително.