Арон, синот на Хајди Џонсон, излажал дека ја завршил својата домашна задача. Така таа решила да го му испорача казна која набргу по објавувањето стана хит на интернет.

Мајката решила да му ја испразни собата и да му наплати ако сака да ја врати во поранешната состојба, како и да му наплаќа кирија и сметки. Му објаснила дека штом не знае да почитува, тогаш заслужил лекција за тоа што значи да се биде независен.

Детево денес ќе добие тешко будење, по неговите зборови кои ги размени со мене минатата ноќ. Не само што ќе го најде ова на неговата врата, туку и душекот ќе му биде тргнат, и играчките и облеката кои му ги купив конфискувани. Ќе има три опции…сам да си купо, или да ја изнајмува облеката за три долари дневно, или да ги преосмисли неговите услови за тоа што значи да се биде дете. Мамичка се измори од неговите игри да му биде крпа за бришење нозе.

980x

Отпрвин Арон се налутил и демонстрирал пркос во собата на неговата мајка, велејќи „Навистина? И што ќе сториш? Не можеш да ми ги земеш моите работи“, но, како што раскажува Хајди, набргу дошле до согласност.

Еве ги условите кои му ги поставив:

1. Труди се најдобро што можеш на училиште! Не очекувам совршени 100% успех од тебе, но очекувам да дадеш сѐ од себе и да побараш помош кога нешто не разбираш.

2. Домашната задача и куќните обврски треба да си ги завршиш пред да добиеш време за телевизија и интернет.

3. Во куќните обрвски спаѓат: исфрлање на ѓубрето, празнење на машината за миење садови, плакнењето на валканите садови, секојдневното местење на твојот кревет и чистењето на тоалетот еднаш неделно.

4. Мираш да да сработиш две домашни обврски дневно.

5. Мораш да покажуваш почит и љубезност со своите зборови – не смееш да ми возвраќаш, ниту да се караш со мене.

6. Одржувај ја својата хигиена.

7. Гледај ме во очи кога ти зборувам и слушај кога ти зборувам.

8. Однесувај се пристојно.

Сподели на Facebook
пати видено