Во интервју оваа недела, сирискиот претседател Башар Асад истакна дека САД и Европа носат голем дел од вината за бегалската криза која се засили во последните недели. Како што истакнува тој, владата на САД и НАТО ги финансирале и тренирале сириските бунтовници кои на крај се претворија во ИСИС. Бунтовниците се обидуваат да ја срушат сириската влада не за да го ослободат сирискиот народ, туку за да воспостават своја диктатура.

asad

Иако и самиот Асад владее на диктаторски начин, тој успеваше да одржува мир и стабилност пред земјата да биде преплавена од терористичките бунтовници.

„Не се работи за тоа дека Европа не ги прими и прифати како бегалци. Се работи за несправувањето со кризата. Ако сте загрижени за нив, престанете да поддржувате терористи. Тоа е тоа што го мислиме ние во однос на кризата. Тоа е суштината на целиот проблем со бегалците“, вели Асад.

„Ако сакате реално да постигнете нешто, не можете да сторите ништо додека луѓе биваат убивани, крвопролевањето не е запрено, луѓето се чувствуваат несигурни….Би сакал да ја искористам оваа можност да упатам повик сите сили да се обединат против тероризмот, бидејќи тоа е начинот да ги постигнеме политичките цели коишто ние, како Сиријци, сакаме да ги постигнеме преку дијалог и политичко дејствување“, додава сирискиот претседател.

Сподели на Facebook
пати видено