За време на овогодинешниот фестивал „Burnng Man“ во Невада беа прикажани илјадници прекрасни уметнички дела, о еден особено ги привлекол очите на посетителите, поканувајќи ги да ја интерпретираат скриената порака. Се работи за скулптурата „Љубов“ од украинскиот скулптор Александар Милов, која претставува две жичани рамки во форма на возразни како седат грб со грб и нивните внатрешни деца кои посегаат едно кон друго од нивната внатрешност. Ноќе децата се осветлени.
Пораката на оваа скулптура е јасна и недвосмислена. Секој од нас во себе крие дете полно со љубов,интересирање и желба за дружење со другото такво дете. Но, нешто во светот на возрасните гради кафези во кои личноста се затвора во страв, лицемерие и тага.