Ахмед Мохамед е бистар деветоодделенец кој сака самиот да изработува електронски уреди како радија и сл. Со ова тој би претставувал ученик од соништата, но кога на училиште го донел својот рачно изработен часовник да му го покаже на својот наставник, завршил со лисици на рацете. Додека го апселе, тој носел маичка со натпис НАСА.

muslimance

Причината поради којашто го уапсиле? Часовникот на полицијата ѝ изгледал како бомба, и покрај тоа што детето упорно повторувало дека тоа е часовник. Според кажувањата на Мухамед, испрашувањето било речиси надреално:

Ме прашуваат, „Значи се обиде да направиш бомба, а?“
Им кажав „Не, се обидов да направам часовник.“
Еден од нив кажа: „На мене ми изгледа како бомба од филм.“

Четиринаесетгодишникот три дена бил суспендиран од училиште, и било испратено соопштение до родителите и чуварите на училиштето со кое ги известувале дека полицијата реагирала на сомнителен предмет.

Како што раскажува Мухамед, полицајците се прашувале како и зошто некој би направил нешто вакво, освен ако не сакал да направи некаква штета со тоа.

screenshot-twitter.com 2015-09-16 13-03-05

Гневните, соученици и пријатели на Мухамед реагирале на социјалните мрежи искажувајќи му поддршка и споделувајќи слики со Ахмед на разни натпревари на кои учествувал, додека полицијата била брутално исмеана.

Сподели на Facebook
пати видено