Жените веќе не размислуваат да бидат манекенки и кога се во нивните доцни дваесетти, не пак кога имаат педесет и девет години. Но, 59-годишната баба Јасмина Роси не само што е топ модел, туку и е доста успешна во тоа, работејќи за повеќе познати меѓународни брендови како Marks & Spencer, Hermes and Macy’s…Таа е родена во Франција во 1955 година а пораснала на островот Корзика.

Сосема природно, секој би сакал да знае како успеала да го одржи својот релативно младешки изглед и добро здравје. „Нема некоја голема тајна“, вели таа за списанието Сандеј Тајмс Стајл. „Сѐ што правев е да јадам органска храна – многу одамна пред да стане во требд. Ставав масло на кожата и на косата. Еднаш неделно го тријам лицето со маслиново масло и ситен шеќер. Јадам по едно авокадо на ден и органско месо и риба.“

Покрај нејзината успешна манекенска кариера, Роси исто така е фотограф, а се занимава и со изработка на керамички предмети.

mn01

mn02 mn03 mn04 mn05 mn06 mn07 mn08 mn09 mn10 mn11

Сподели на Facebook
пати видено