Комбо, уличен уметник од Франција, изработил шегаџиско улично уметничо дело откако некој човек бил пратен да го префарба неговото првично дело на истото место. Набљудувајќи го човекот како го покрива неговиот графит, Комбо чкрапнал фотографија со него и подоцна се вратил да го наслика човекот во својот графит!

Графитот изгледа како делот кадешто се претставени внуците на Пајо Паторот се оставени недопрени. Делот кој е префарбан претставува незавршена фраза за која Комбо редовно ги прашува неговите Фејсбук следбеници како да ја заврши и потоа го слика најпопуларниот одговор.

Сликањето на фамилијата Патори не е некое изненадување – Комбо е специјалист во наоѓање на втора примена на ликовите од поп културата за да изрази пораки и идеи коишто често се разликуваат од првичните идеи на авторите на тие ликови.

pp01 pp02

Сподели на Facebook
пати видено