Современите уметници откриле дека уличната уметност е не само убава на поглед, туку може да биде и мека и мазна на допир. Графитите од мов се еколошки бидејќи не се употребуваат аеросоли, и за „бојата“ ви треба само малку вода за да се фати.
Еве еден рецепт за тоа како и вие си направите ваши мовливи графити. Само имајте предвид дека ќе треба изберете соодветно место, ем да не ве казнат, ем да остане подолго време.
Ќе ви бидат потребни:
3 чаши мов (измиен од земја)
2 чаши матеница или јогурт
2 чаши вода или пиво
1/2 кафена лажица шеќер
Миксер кој веројатно не би го користеле за нешто друго освен за ова.