Луѓето со векови сонуваат да живеат во вселената, но отсекогаш била испречена една голема пречка: да се обезбеди долгорочно снабдување со кислород. Да се влечкаат наоколу неограничени количества на кислород не е изводливо, а да се добие од растенија одгледувани во вселената е тешко, бидејќи зелената вегетација не вирее во услови на нула гравитација.

Но, благодарение на дипломираниот студент Џулијан Мелкиори, долгорочното вселенско патување наскоро би можело да стане реалност. Мелкиори во соработка „Dezeen and MINI Frontiers“ успеал да го произведе Свилениот Лист, пронајдок способен да произведува кислород.

ls01

Свилениот Лист е синтетичен биолошки лист кој може да ја апсорбира водата и јаглеродниот диоксид и да произведува кислород, на сличен начин како што прават и растенијата.

ls02

„Ги екстрахирав хлоропластите од растителните клетки и ги ставив во проетин на свила. Како резултат го имам првиот фотосинтетички материјал кој живее и дише исто како и вистински лист“, вели Мелкиори.

ls03

Дизајнерот истакнува дека од почетокот до крајниот резултат бил инспириран од самата природа и искористил веќе испробан метод.

ls04

Доброто нешто кај овој пронајдок е што не само што може да биде употребено при истражувањата на далечните места во галаксијата, туку може да биде употребен и на Земјата за прочистување на воздухот и произведување на повеќе кислород.

ls05

Сподели на Facebook
пати видено