Да се биде далеку од саканите е еден од најголемите предизвици во животот, дури и со денешните евтини и лесни трансконтинентални видео повици. Можете да си замислите како им било на нашите предци, како и на нашите родители и не толку одамна, кога меѓународните телефонски повици биле луксуз и единствениот начин да се одржува контакт бил преку пишување писма за кои биле потребни недели, а понекогаш и месеци за да пристигнат. И тоа под услов да знаеле да пишуваат.

Во седумдесеттите години, 5.2 отсто од населението во Италија било неписмено. Повеќето од нив биле жени коишто живееле во руралните области. Една од нив била мајка на три деца, веројатно од областа Катаниа, во источна Сицилија. Нејзината приказна влегла во историјата, благодарение на нејзиното трогателно писмо од 1973 година, напишано цеосно во слики, а пронајдено од сицилијанскиот писател Џезуалдо Буфалино.

5-6-2

Писмото било адресирано до нејзиниот сопруг, објаснува Буфалино во неговата книга La Luce e il Lutto („Светлина и тага“), работник емигрант кој работел во Германија. Сакајќи да ја зачува интимноста на нивното допишување,таа не побарала помош некој да ѝ го напише писмото на италијански. Наместо тоа, пишува Буфалино“ брачните другари си развиле нив сопствен таен код. Буфалино дошол до едно од нивните писма и успеал симболите да ги преточи во зборови. Еве ја содржината на тоа писмо:

Љубов моја мила, моето срце е измачено од помислата дека си далеку, и јас ги протегам моите раце кон тебе, заедно со трите деца. Јас и двете постари деца сме во добро здравје, а најмалото е болничко, но ништо сериозно. Не добив одговор на последното писмо коешто ти го пратив и тажна сум поради тоа. Твојата мајка се разболе и е во болница и јас ја посетувам. Не грижи се, не одам со празни раце, ниту пак сама, па да ме озборуваат. Нашиот среден син доаѓа со мене, додека најстариот се грижи за најмалиот.

Се погрижив нашето мало поле да биде изорано и посеано. На двајцата наемниц им дадов по 150.000 лири (околу 500 евра во денешна вредност, н.з.). Се одржаа избори во градот. Јас гласав за Демо-христијанската партија, како што ни сугерираше пасторот. За Чеканот и Српот (комунистите н.з.) поразот беше огромен – како да умреа и да ги ставија в ковчег.

Но кој и да победи, сѐ ти е тоа исто. Ништо не се менува за нас сиромашните: копавме вчера и пак ќе копаме утре.Оваа година нашите маслини родија многу. Најмив луѓе, еден да ги истресе долу, а другите да ги соберат од земјата, што ме чинеше 27.000 лири (околу 90 евра). Потрошив уште 12.000 (околу 40 евра) за пресата. Од маслините добив доволно масло за да наполнам едно големо буре и едно мало. Можам да го продавам по сегашната цена, која е 1300 лири (околу 4 евра) по литар.

Љубов моја, што си ми далеку, моето срце мисли на тебе. Сега, особено кога се ближи Божиќ, посакувам да бев крај тебе, срце до срце. Ти праќам прегратка од мене и од нашите три деца. Догледање, љубов мила, моето срце е твое и јас сум ти верна, во единство со тебе како што се нашите два прстени.

Сподели на Facebook
пати видено