Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Земјата, загадувањето со пластика може сосема наскоро да си најде соодвете соперник, доколку студентите од универзитетот Јејл успеат да ја размножат неодамна откриената габа која јаде пластика.
Загадувањето со пластика, за кој најдобар пример е џиновскиот пловечки остров од ѓубре во Пацификот со големина на американската држава Тескас е исклучително штетно за светскиот екосистем бидејќи крајно бавно се разложува. Всушност, според Националниот Центар за биотехнологија, пластиката не се разложува по биолошки пат.
„Пластиката не се распаѓа по биолошки пат, иако, под влијание на сончевите ултравиолетови зрачења, пластиката се распаѓа и фрагментира во мали честички, наречени микропластики.“
Ова ги соочува луѓето со предизвик со кој наскоро ќе мора да се справат, имајќи предвид колку од нашиот пластичен отпад завршува во океанот, кадешто се распаѓа во токсична микропластика, која завршува во морскиот жив свет. Ова не само што е опасно за него, туку е опасно и за луѓето, бидејќи на крај ние ја јадеме истата таа риба којашто ја труеме со нашето ѓубре.
Се формирале многу групи и организции за да ја исчистат пластиката која се исфрла на бреговите, но голем дел од пластичното загадување завршува во океанот. Зависноста од ефтината индустриска пластика се зголемува со секоја година и на тоа како да не му се гледа крајот.
Токму поради тоа откритието на габата што јаде пластика е толку возбудлива. Имено, како што се известува, обаа габа има здрав апетит за полиуретан. Ова е првиот жив организам кој би можел да се храни исклучиво со полиуретан и тоа може да го прави во безкислородна средина, што значи дека габата би можела да вирее и на дното на огромните депонии.
Ова откритие е објавено во научните списанија Applied и Environmental Microbiology. Истражувачите успеале да го изолираат ензимот кој е одговорен за разложувањето на пластиката. Не е сосема јасно како габата ќе се примени во овој биолек за природата, но човек би можел да си замисли пловечки пластични острови прекриени со печурки кои го јадат сето ѓубре и потоа тонат во длабочините на океанот.
Исто така, важно е да се одвикнеме од пластиката во чија основа е нафтата и полека да се преориентираме на пластика која се изработува од биоодржливи материјали како коноп и слично.