Фосилизирани остатоци од досега непознат вид хоминиди е откриен во пештера во Јужна Африка. Наречен Homo Naledi, овој вид е вброен во родот Homo, на кој припаѓаат и современите луѓе. Научниците откопале повеќе од 1500 коски кои припаѓаат на најмалку петнаесет поединци. Откритието е направено благодарение на спелеолози коишто здогледале нешто што наликува на човечки останки преку пукнатина во варовничка карпа.

Коските се наоѓаат во пештерскиот систем „Rising Star“ во јужноафриканската провинција Гаутенг, дел од локалитетот Лулка на човештвото, локалитет вброен во светското културно наследство. Сѐ уште не е утврдено како многуте костури на H. Naledi – почнувајќи од бебиња па до постари поединци – се нашле во таа голема пештера. Истражувачите не ја отфрлаат можноста телата да биле намерно оставени во пештерата, или пак некакво катастрофично сценарио на „смртоносна стапица“ во која луѓето влегле во пештерата и умреле од непозната причина.

hn

Професорот Крис Стронгер, водечки истражувач за потеклото на човекот при Природонаучниот музеј во Лондон, вели: „Длабоката пештера кадешто се најдени коските сугерира дека тие можеби биле фрлени таму од други луѓе, што посочува кон изненадувачки сложено однесување за еден `примитивен` човечки вид.“ Научниците велат дека во пештерскиот систем можеби се наоѓаат уште повеќе неоткопани коски. Сѐ уште претстои да се утврди и староста на коските.

Откритието претставува предизвик за меѓународниот тим научници кои добија задача да ги анализираат и датираат коските. Д-р Стронгер додава: „Некои од карактеристиките на Homo naledi, како рацете, зглобовите и стапалата, се многу слични како кај современите луѓе. Од друга страна, малиот мозок и обликот на горното тело повеќе наликуваат како тие на предчовечката група наречена `аусталопитекус`. Иако не ја знаеме точната старост на коските, откритието на толку многу фосили кои им припаѓаат на барем 15 поединци е извонредно. Спојот на овие карактеристики уште еднаш ја докажуваат сложеноста на семејното дрво на човекот и потребата за понатамошно истражување за да се дознаат вистинските почетоци на нашиот род“.

hn01

Според тоа, Homo naledi можеби ќе фрли светло врз преминот од аустралопитекус кон родот хомо, помаѓајќи да се открие каде точно припаѓа човекот во светот на природата и еволуцијата.

hn02 hn03 hn04 hn05 hn06 hn07 hn08 hn09

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено