– Каде се наоѓа душата?
– Во градите!
– Како што гледам рамнодушна си…
– – – – – – –
– Тато, каде одлета штркот откако гo донесе детето?
– Како каде? Назад во панталоните.
– – – – – – –
Успешно емигрирани Македонци се оние кои потоа не се враќаат во Македонија за да си ги прават забите.
– – – – – – –
Два чорапи кои се создадени како пар, не можат да останат заедно, а вие за вечна љубов ми зборувате.
– – – – – – –
Календарот на Маите не бил “календар”, туку капак од антички македонски шпорет…
– – – – – – –
Форумот на македонските мајќи ќе ја убие лекарската професија, запаметете ми ги зборовите!
– – – – – – –
“Лесна е твојата”… “Лесна е твојата” – му повторуваа пријателите… Дури по некое време сфати дека станувало збор за девојка му…
– – – – – – –
Ако ви е досадно на работното место, пресметајте си ја платата за последната година. Ете, сега не ви е само досадно, но и тажно.
– – – – – – –
Излезе мода на искината облека. Искинати фармерки, искинати маички. Со нетрпение чекам да станат модерни чорапите со дупки.
– – – – – – –
– Слушаш ли гласови?
– (кажи му не).
– Не докторе.
– – – – – – –
Кога една жена ќе се вљуби, нејзината најдобра пријателка автоматски станува психолог, адвокат и чесен детектив.