Марк Гунгор е еден од најбараните говорници и мислители по однос на бракот и семејството во САД. Тој е свештеник, но и исклучително смешен човек. На неговите семинари присуствуваат многу луѓе, и тој знае како да ги прилагоди своите говори за религиозните како и за нерелигиозните. Во редовите кои следуваат, Марк ги истражува разликите помеѓу мажите и жените, и тоа го опишува на смешен начин:

men-woman-brain

Зошто мажите и жените размислуваат различно

Жените се многу покомплицирани од мажите. Мажите се многу едноставни. И знаете ли зошто? Бидејќи нивните мозоци се толку различни. Би сакал првин да започнам со мажите. Мозоците на мажите се многу уникатни. Повеќето жени не разбираат дека било кога имаме секс или кога гледаме спорт, нашите мозоци се составени од мали кутии. Имаме по една кутија за сѐ. Имаме кутија за колата. Имаме кутија за парите. Имаме кутија за работата. Имаме кутија за тебе. Имаме кутија за децата и имаме кутија за мајка ти некаде во подрумот.

Кутиите се насекаде и има само едно правило: тие не се допираат помеѓу себе. Кога мажот дискутира на определена тема, тој оди во таа кутија, ја вади, ја отвора и дискутираме единствено за тоа што го има во ТАА КУТИЈА. И потоа ја затвораме и ја враќаме на своето место, многу внимавајќи да не ги допреме другите кутии.

Е сега, мозокот на жените е многу различен од мозокот на мажите. Мозокот на жените е составен од големо клопче жица. И сѐ е поврзано со сѐ! Парите се поврзани со колата и колата е поврзана со вашата работа и вашите деца се поврзани со вашата мајка и сѐеповрзанососѐ! Тоа како интернет магистрала и е на погон на нешто што го нарекуваме емоции. Тоа е една од причините поради кои жените помнат…сѐ.

Бидејќи ако земете еден настан и го поврзете со чувство, тоа гори во вашето сеќавање и го помните засекогаш. Исто се случува и кај мажите, само што не се чувствува толку често, бидејќи најискрено…нам не ни е грижа многу. Жената вообичаено се грижи за сѐ, и таа го обожава тоа.

Е сега, ние мажите имаме кутија во нашиот мозок за која повеќето жени не се свесни. Во таа посебна кутија нема ништо. Всушност, ние и ја нарекуваме „празната кутија“, и од сите кутии во нашиот мозок, „празната кутија“ ни е најомилената кутија. Секогаш кога ќе има прилика за тоа, мажот си оди во таа кутија. Токму затоа мажот може со часови да работи нешто што се чини како умрена работа, знаете, како на пример да лови риби.

И ова е научно докажано. Универзитетот во Пенсилванија пред неколку години спроведе истражување при кое се откри дека мажите имаат способност да не мислат апсолутно ништо, а сепак да дишат.

Жените не го можат тоа. Нивниот мозок никогаш не запира. И тие не ја разбираат „празната кутија“ и тоа ги излудува, бидејќи ништо не ги излудува жените повеќе од тоа да гледаат маж кој ништо не работи.

Сподели на Facebook
пати видено