Овогодинешниот Bloemencorso Zundert, или Цветната парада на Зундерт, собра 19 тимови кои дизајнирале огромни цветни венци инспирирани од Винсент Ван Гог. Славниот пост-импресионистички сликар се родил во Зундерт пред 162 години. Традиционално парадата се организира и изведува целосно од волонтери, се употребува единствено цвеќето ѓургина и е најголемиот фестивал на цвеќето во светот.
„Во Зундерт, на југот на Холандија, ние сме луди по нашата цветна парада“, пишува на официјалниот сајт. „Нашите баби и дадовци го започнале во 1936 година и сѐ уште не можеме да му се изнарадуваме. До првата недела во септември во нас гори треска. Дали венците ќе бидат завршени на време? Дали има доволно ѓургини? И кој ќе победи овојпат? Дојдете во Зундерт и бидете дел од искуството!“