Канадскиот фотограф Кристофер Хервиг поминал дванаесет години фотографирајќи ги советските автобуски станици и постојки. Проектот неочекувано почнал во 2002 година кога си поставил предизвик самиот на себеси да направи по една добра фотографија на секој час за време на долгото патешествие со велосипед од Лондон до Санкт Петерсбург; 30.000 километри и 13 години подоцна, Хервиг ја објавил „Советски автобуски станици“. Но, проектот не минал без потешкотии.
„И покрај моите напори да не побудувам сомнеж, сепак во неколку прилики бев обвинет дека сум шпион и за малку избегнав да бидам вовлечен во нешто чудно“, пишува Хервиг на Кикстартер. „Во Абхазија мојот возач ме обвини дека сум грузиски агент и дека фотографирам материјал од чувствителна природа. Тој бараше поткуп, инаку работата ќе завршеше „право во милиција и пред стрелачкиот одред.“