Родителите се сомневале во дадилката, бидејќи на бебето постојано му се појавувале модрици, па поставиле скриена камера и ја фатиле на дело.
Пријатели…
Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео… Сакам сите да видите што држи земјава….
Тоа кутро малечко бебе е мојот внук Даријан…
Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!
Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…
На ова никој нема да остане рамнодушен!
Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!
Фала му на Бога Даријан е добар…
Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…
Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.
Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!
Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња…И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!
СПОДЕЛУВАЈТЕ!
Автор на видеото е Олја Кара