На 20. август, градските власти на Пекинг поставија огранучувања на производството и употребата на моторни возила. Пет милиони возачи биле присилени да возат наизменично на смена во определени денови вооочи седумдесетгодишнината на поразот на Јапонија во Втората светска војна на 3. септември, со цел вообичаено со смог прекриеното небо да биде совршено сино за сликање.

Само ден после парадата, откако беа кренати ограничувањата, индексот за квалитет на воздухот достигна 160, ниво на кое „секој би можел да доживее ефекти опасни по здравјето“, како што известува американската агенција за заштита на околината.

„Синото на воената парада си замина; на негово место си дојде нашето секојдевно сивило“, пишува еден граѓанин на интернет.

5 милиони возачи биле приморани да возат на наизменични денови.

pk01

pk02

Резултатот бил изненадувачки – луѓето конечно можеле да ги видат зградите во далечината кадешто вообичаено гледале густ смог

pk03

За време на забраната, просечното ниво на загаденост во Пекинг паднало за 73.2 проценти во споредба со минатата година

pk04

Работата на 40.000 градилишта во и околу Пекинг исто така била запрена за време на овој период

pk05

Според интернационалниот стандард за мерење на градското загадување, бројката паднала на неверојатни 17 од 500, означувајќи многу здрав воздух.

pk06

Големиот кинески ѕид би требало секој ден да изгледа вака!

pk07 pk09

Сподели на Facebook
пати видено