Оваа недела во близина на Стонхенџ беше откопан огромен мегалитски локалитет, на само 1.6 километри од познатата камена формација во Вилтшир, Англија. Истражувачите октриле околу 90 големи камења со помош на најсовремена технологија.

„Последните резултати донесоа извонредно привлечни докази за тоа што лежи под древните градби крај Дјурингтон Волс. Присуството на тоа што се чини како камени градби кои ја опкружуваат една од најголемите неолитски населби во Европа, додава ново поглавје во приказната за Стонхенџ.“ изјавува археологот Ник Снашал.

sh

Научниците сѐ уште не успеале целосно да го истражат Стонхенџ и се подеднакво збунети од новата структура. Иако преовладувачката теорија е дека ова е некаков локалитет на кој се извршувале религиски ритуали, многу истражувачи не се согласуваат. Исто така, постои несогласување и во поглед на староста на објектот. Мејснтрим истражувачите велат дека е стар неколку илјади години, но истражувачи како Грахам Хенког тврдат дека е многу постар, повеќе од 10.000 години.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено