Чарлс Спенсер „Чарли Чаплин“ (16. април 1889 – 25. декември 1977) бил англиски комичар и филммејкер кој се стекнал со голема слава за време на ерата на немиот филм. Чаплин стана светска икона преку неговата екранска персона на „Скитникот“ и се смета за една од најважните фигури во историјата на филмската историја. Неговата кариера се протегала преку повеќе од седумдесет и пет години, од неговото детство во Викторијанската ера сѐ до неговата смрт во 1977 година и неговиот живот бил полн со прељуби и други контроверзи.

Деството на Чаплин во Лондон било дефинирано со сиромаштија и тешкотии. Бидејќи неговиот татко бил отсутен а неговата мајка имала финансиски проблеми, тој два пати работел во фабрика пред да наполни девет години. Кога имал четиринаесет години, неговата мајка била испратена во ментална институција. Чаплин почнал да се занимава со шоу бизнис уште од млада возраст, настапувајќи по концертни сали а подоцна и како театарски актер. На деветнаесет години склучил договор со престижната компанија Фред Карно, која го одвела во Америка. Таму Чаплин бил забележан од филмската индустрија и во 1914 почнал да игра за Кистон Студиос. Наскоро го развил својот лик Скитникот и набргу стекнал голем број на обожаватели. Чаплин рано почнал самиот да ги режира своите филмови и продолжил да го усовршува својот занает, преминувајќи низ корпорациите Есенеј, Мјучуал и Фрст Нејшенел. До 1918 година тој станал една од најпознатите личности во светот.

Во 1919 година тој бил еден од основачите на дистрибутерската компанија Јунајтед Артистс, што му овозможило целосна контрола врз неговите филмови. Неговиот прв долгометражен филм е „Детето“ (1921), по кој следеле „Жена во Париз“ (1923), „Златна треска“ (1925) и Циркус (1928). Во триесеттите години одбил да премине на звучни филмови и наместо тоа ги продуцирал „Градски светла“ (1931) и „Модерни времиња“ (1936) без дијалог. Потоа Чаплин сѐ повеќе почнал да се интересира за политиката и неговиот следен филм „Големиот диктатор“(1940 го сатиризирал Адолф Хитлер.

1940-те биле деценија обележана со контроверзии за Чаплин и неговата популарност почнала бргу да опаѓа. Бил обвинет за симпатии кон комунизмот, а тужбите за докажување на татковство и браковите со многу помлади жени предизвикувале скандали. Била отворена истрага од страна на ФБИ и тој бил присилен да ги напушти САД и да се смести во Швајцарија. Во филмовите кои следувале „Мисје Вердо“ (1947) „Центар на вниманието“ (1952), „Крал во Њујорк“ (1957) и „Грофицата од Хонгконг“ (1967), тој го напушта ликот на Скитникот.

Чаплин ја компонирал, диригирал, продуцирал, едитирал и свирел музиката за повеќето од неговите филмови. Тој бил перфекционист и неговата финансиска независност му овозможила да помине години во развивањето и унапредувањето на неговата филмска продукција. Неговите филмови се карактеризираат со фарса комбинирана со патос, пресликана во борбите на Скитникот против непријателите. Многу од неговите филмови содржат социјални и политички теми, како и автобиографски елементи. Во 1972 година, како дел од обновената почит и признание кон неговото дело, Чаплин ја примил наградата Оскар за животно дело, за неговиот „неизмерлив ефект кој го направил во претворањето на подвижните слики во уметничка форма на векот“. Тој и понатаму е ценет поради тоа, и неговите филмови „Златна треска“, „Градски светла“, „Модерни времиња“ и „Големиот диктатор“ често се наоѓаат на листите за најдобри филмови а сите времиња.

Charlie_Chaplin

Кога почнав да се сакам себеси

Кога почнав да се сакам себеси открив дека болката и емотивното страдање
се само предупредувачки знаци дека сум живеел против мојата сопствена вистина
Денес, знам, тоа е „АВТЕНТИЧНОСТ“

Кога почнав са се сакам себеси, разбрав колку тоа може да навреди некого
Како што се обидувам да ги насочам своите желби кон таа личност, и покрај тоа што знаев
дека тоа не е вистинското време за таа личност и дека не е поготвена за тоа,
и покрај тоа што таа личност бев јас.
Денес тоа го нарекувам „ПОЧИТ“.

Кога почнав да се сакам себеси престанав да копнеам по различен живот,
и можев да видам дека сѐ што ме опкружува ме поканува да растам.
Денес тоа го нарекувам „ЗРЕЛОСТ“.

Кога почнав да се сакам себеси, разбрав дека во било која околност
Јас сум во вистинското време и на вистинското место и сѐ се случува
во вистинскиот момент. Можам да бидам мирен.
Денес тоа го нарекувам „САМОДОВЕРБА“.

Кога почнав да се сакам себеси, престанав да си го крадам сопственото време,
и престанав да осмислувам огромни проекти за иднината.
Денес го правам само тоа што ми носи радост и среќа, нешта кои сакам да ги правам,
и кои прават срцето да ми се радува, и ги правам на свој сопствен начин
и во свој сопственритам.
Денес тоа го нарекувам „ЕДНОСТАВНОСТ“.

Кога почнав да се сакам себеси, се ослободив од сето тоа што не е добро за моето здравје –
храна, луѓе, нешта ситуации и сѐ што ме повлекуваше долу и ме оддалечуваше од себеси.
Отпрвин тоа го нарекував здрав егоизам.
Денес знам дека тоа „ЉУБОВ КОН СЕБЕСИ“.

Кога почнав да се сакам себеси престанав да се обидувам секогаш да бидам во право,
и оттогаш поретко грешев.
Денес открив дека тоа е „СКРОМНОСТ“.

Кога почнав да се сакам себеси, одбив да продолжам да живеам во минатото
и да се грижам за иднината. Сега живеам само за мигот, кадешто СЀ се случува.
Денес го живеам секој ден, ден за ден, и тоа го нарекувам „ИСПОЛНУВАЊЕ“.

Кога почнав да се сакам себеси дознав дека мојот ум може само да ме вознемири и да ме разболи.
Но кога се поврзав со своето срце, мојот ум стана вреден сојузник.
Денес оваа врска ја нарекувам „МУДРОСТ НА СРЦЕТО“.

Повеќе не мора да се плашиме од расправии, судири и било какви проблеми
со нас самите и со другите. Дури и ѕвездите се судираат, и од нивните судири
се раѓаат нови светови.
Денес знам – ТОА Е ЖИВОТ!

Чарли Чаплин

Сподели на Facebook
пати видено